
Кошмарна ноќ за Тер Штеген: Барселона освои само бод кај Мајорка (ВИДЕО)
Мајорка поведе со голот на Ведат Муричи во осмата минута, откако Тер Штеген им ја подари топката на противничките фудбалери. Радоста на домаќините траеше до 41. минута кога Рафиња израмни на 1-1, но во завршницата од полувремето Пратс го матира чуварот на голот на гостите за ново водство на домаќините (2-1).
Во 66. минута Барселона доби пенал од судијата, но набрзо истиот беше поништен по реакцијата на ВАР-технологијата, сепак потоа Рафиња го пронајде Фермин Лопез за ново израмнување на резултатот (2-2).
Домаќините имаа и шанса за победа, но Ларин не успеа да го матира Тер Штеген кој беше на висина на задачата во 82. минута од натпреварот.
Барселона останува на првата позиција со 17 бодови, односно еден повеќе од Жирона, како и два повеќе од Реал Мадрид.