Кошмарен одмор за Верати: Крадци му украле 2,9 милиони евра на Ибица!

Фудбалерот на францускиот шампион ПСЖ, Марко Верати бил ограбен на Ибица, а крадците наводно му земале 2,9 милиони евра од вилата во која бил сместен.

Верати бил на одмор со неговата сопруга Џесика, а засега не е познато зошто носеле толку многу пари со нив на Ибица.

Случајот е пријавен во полиција во неделата, а во моментов се води истрага за решавање на истиот.