Конте: Не го гледав Интер, го исклучив телефонот - секој одлучува како ќе страда!

Антонио Конте е среќен по новиот развој на настаните во Серија А по кој сега Наполи е лидер на табелата и со огромни шанси да го освои Скудетото.

Интер доживеа домашен пораз од Рома, а Наполи го совлада Торино со 2-0. Сега тимот кој го предводи Антонио Конте има три бода предност на табелата.

Запрашан дали го гледал мечот меѓу Интер и Рома, Конте даде интересен одговор.

„Не, да бидам искрен воопшто не го следев. Ние доволно страдаме од нашите натпревари, зошто би страдале и од другите. Го гледав второто полувреме од дуелот меѓу Фиорентина и Емполи. Можете да ми верувате или не, но не ми е грижа. Го исклучив телефонот и дури потоа го видов резултатот на Интер. Секој одлучува како сака да страда“, вели Конте.

„Ни останаа уште четири чекори (четири кола). Први сме, прво одиме на екипи кои се борат за останување во Серија А како Лече и Парма, а потоа против Џенова и Каљари. Се е во наши раце“.