
Компани доби и добра вест: Баерн ќе биде посилен во финишот од сезоната
Репрезентативецот на Франција се повреди на 23 март во настапот за националниот тим против Хрватска во четвртфиналето од Лигата на Нации. За Баерн е важно што тој започна да тренира многу порано од очекуваното.
Како што е соопштено на сајтот на Баерн, Упамекано започнал со индивидуални тренинзи, но не е прецизирано дали ќе биде спремен да истрча во реваншот против Интер следната среда.
Баерн вчера беше поразен на свој терен од шампонот на Италија со резултат 1-2, а стоперскиот тандем го сочинуваа Ким и Дајер, но не изгледаа најдобро, па евентуално враќање на Упамекано сигурно ќе биде одлична вест за Компани.
На шест кола пред крајот на Бундеслигата, Баерн има шест бодови повеќе од шампионот Леверкузен на врвот на табелата и е на добар пат да ја врати титулата.