Кој е тренерот што за малку ќе го шокираше Ливерпул на „Енфилд“ (ВИДЕО)
Салцбург губеше со 0-3 по 36 минути игра, но потоа тргна посериозно во мечот, па до полувреме намали на 1-3, а до 60. минута израмни на 3-3.
Малку тренери имале можност да се надигруваат со Ливерпул на „Енфилд“, а статистиката на Салцбург е уште поимпресивна кога ќе ги погледнете нивните настапи сезонава. Тие одиграа 13 меча (девет во првенството, два во ЛШ и два во Купот), а притоа постигнаа 58 гола, односно 4,46 погодоци по натпревар.
Салцбург со години доминира во австриската лига, но досега никогаш не тргнал толку доминантно. Минатата сезона во 32 кола постигнаа 79 гола, а оваа сезона се веќе на половина погодоци по само девет кола. Победите на Салцбург се 7-1, 6-0, 5-0, 7-2, 6-2...
А за тоа најзаслужен е 45-годишниот американски тренер Џеси Марш, кој во првото коло против Генк стана првиот американски тренер во историјата на ЛШ. Со деби од соништата против Генк, Салцбург до полувреме им даде пет гола на Белгијците, а на крајот мечот заврши 6-2.
Уште еден интересен податок е тоа што просечната возраст на фудбалерите во Салцбург изнесува само 23,7 години. Единствени постари фудбалери во мечот против Ливерпул беа Златко Јунузовиќ (32), Андреас Улмер (33) и Станковиќ (26).
Тренерскиот пат на Марш беше навистина невообичаен. Поранешниот фудбалер, кој настапуваше во Ди-Си јунајтед, Чикаго и Чивас, стана помошник на американскиот селектор Боб Бредли, па САД со нив двајца на челото стигна до нокаут-фазата на Светското првенство во 2010 година.
По кратката епизода во американската репрезентација, Марш го презема Монреал со кој брзо се раздели. Сите во екипата беа воодушевени од неговиот метод на работа, но управата не беше задоволна.
Веднаш потоа Американецот реши да се откаже од фудбалот, па со своето семејство прошета низ 29 земји, се одмори и ги наполни батериите за тоа што следува. Марш не сакаше да бара ангажман во некој голем клуб, па почна пак да работи во Универзитетот кадешто дипломирал.
За методите на работа на Марш сите разбраа и во МЛС-лигата, па во 2015 година прифати понуда на Њу Јорк Ред Бул. Тогаш Американецот стсана проект на Ред Бул, во кој е уште. Во првата сезона беше прогласен за тренер на годината во МЛС, а неговата екипа имаше најдобар резултат на крајот на сезоната, иако не успеа да ја освои шампионската титула.
Марш до 2018 година го водеше клубот и потоа замина како тренер со најмногу победи во историјата на клубот. Ред Бул реши дека природен пат за тренерот е да ја продолжи кариерата во Европа, па Марш беше префрлен во Лајпциг како помошник.
Штом стигна во Лајпциг ги внесе своите методи на работа во соблекувалната и така создаде сериозна екипа. Фудбалерите биле казнувани, но не премногу, туку повеќе тоа биле шеги кои требало да ги приближи фудбалерите.
Во соблекувалното ставил „тркало на среќата“. Па тој што ќе го прекрши правилникот, морал да го заврти тркалото и да види каква казна ќе добие. Изборот бил голем. Од дување на топка цела недела, водење на тренинг на децата на четири часа, да се биде водич на туристите на стадионот, косење трева, носење розеви маички цела недела, мешање енергетски пијалоци за цела екипа во текот на неделата, работа во фан-шопот...
На клупска вечер главниот тренер го ставил мобилниот телефон на маса, а тоа не било дозволено, па тој згрешил и го завртел тркалото, по што добил за „казна“ да биде туристички водич на стадионот.
Веднаш потоа Марш добил договор на две години. Кога клубот објавил дека од сезонава екипата ќе ја води нов тренер, Американецот решил да замине и да најде работа во Салцбург. Таму немаше добар почеток, зашто екипата продаде дури шест члена од првиот тим, но и Марш многу брзо создаде моќен тим.
Марш од младите фудбaлери преку ноќ направи професионалци. Во својот прв натпревар во ЛШ, Салцбург го прегази Генк со 6-2, а неговиот фудбал ја воодушеви Европа, додека неговата филозофија им овозможи на фудбалери како Халанд, Хванг и многу други да се прослават.
По погодокот на Халанд на „Енфилд“ за 3-3, Марш почнал да трча со раширени раце низ цел терен во прегратка на неговите фудбалери, но за негова жал, Ливерпул успеа да слави на крајот со 4-3.
Jesse Marsch running to the corner to celebrate with his players in front of the away end at Anfield, after Salzburg had temporarily equalized.
— Joga Bonito (@Jasoninho10) October 2, 2019
No matter the final result, an awesome moment for the first American manager in the Champions League.#LFCFCS #UCL #RBSalzburg 👏👏 pic.twitter.com/e2UpZzhUcV