Кој е најмоќниот фудбалски клуб на светот? (ФОТО)

„Сокерекс Фудбал Фајненс 100“ е годишен извештај подготвен од искусни и големи финансиски стручњаци кои до детал по различни параметри ги рангираат најмоќните фудбалски клубови на светот, но не се водат исклучиво според приходите на годишно ниво.

За разлика од Форбс, Делоит, „Сокерекс ФФ 100“ по пет критериуми ги рангира фудбалските клубови за да ја одреди нивната моќ во најважната споредна работа на светот. Рангот се базира според вредноста на фудбалерите во дадениот момент, материјалниот имот, парите во банка, потенцијалните инвестиции на сопствениците и нето долгот на клубот.

Ова е трето вакво рангирање, а првпат на врвот не е англискиот првак Манчестер сити. За оваа година „граѓаните“, зад кои стои моќниот шеик Менсур од Обединетите Арапски Емирати е втор, а прв е Пари сен Жермен, изграден на петро-долари од Катар и шеикот Насер Ал Келаифи.

Зад овие два клуба е германскиот великан Баерн Минхен, а следат лондонски Тотнем, најтрофејниот светски клуб Реал Мадрид, потоа Арсенал, Челси, Ливерпул, Јувентус и Борусија Дортмунд. Интересно, во топ 10 ја нема шпанска Барселона, која е клуб со најголема заработка на годишно ниво и наскоро се очекува да ја мине магичната граница од една милијарда евра приходи.