Кога Елмас е стартер, Наполи победува (ФОТО)
Елмас може да се пофали со одлична статистика, зашто на последните четири средби во 2020 година на кои беше стартер, Наполи успеа да победи.
Елмас најпрво доби шанса од првата минута против Перуџа, а тогаш Наполи триумфираше со 2-0. Потоа македонскиот фудбалер заигра и против Сампдорија, а остана на теренот 78 минути во победата од 4-2.
Репрезентативецот играше 90 минути и против Интер во Купот, а Наполи славеше со 1-0. По што четврата победа ја запиша денеска против Калјари (1-0).