Клучна е насмевката: Роналдо ја откри разликата помеѓу Пирло и Сари!

Фудбалерите на Јувентус одиграа нерешено на синоќешното гостување кај Рома (2-2), благодарение на двата погодоци на Кристијано Роналдо, кој по средбата, на новинарите им ја откри разликата помеѓу сегашниот и доскорешниот тренер.

Летово на клупата на бјанконерите на местото на Маурицио Сари седна Андреа Пирло, кој иако ги критикуваше своите фудбалери по ремито, сепак, е омилен меѓу нив.

„Со Пирло на клупата, фудбалерите на Јувентус се задоволни и насмеани, нешто што не беше во случај во времето кога екипата ја предводеше Сари. Уште е рано да се зборува за Пирло како тренер, но екипата е многу посреќна и на тренинзите, конечно, работиме со насмевки на лицата“, изјави Роналдо.

Дебантот во тренерската улога го издвои Португалецот како најдобар во мечот во Рим.

„Среќен сум што го имаме во тимот. Тој не само што дава голови, туку и многу трчаше и ги покриваше празнините кога останавме со играч помалку“, изјави Пирло.

Роналдо не криеше дека не се секаат многу со Сари, пред се поради фактот што тој во два наврати го извади од игра кога не сакаше. А, португалскиот репрезентативец тоа никогаш не му го заборави.