Клосе ќе тренира деветкратен германски шампион

Поранешниот напаѓач Мирослав Клосе го презема германскиот второлигаш Нирнберг со кој потпиша двегодишен договор.

Клосе ја заврши фудбалската кариера во 2016 година, по што работеше како помошник во Баерн Минхен, а го тренираше и Алтах од Австрија.

Нирнберг во минатото освои девет шампионски титули во Германија, додека минатата сезона заврши на 12. место во втората германска бундеслига.

За германската екипа во минатото настапуваше и поранешниот македонски фудбалер Саша Ќириќ.