Клоп полуде по седмиот гол - сакаше да истепа луд навивач на Ливерпул (ВИДЕО)

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, имаше широка насмевка на лицето кога Фирмино го постигна последниот гол во незаборавната победа над Манчестер јунајтед (7-0), но само секунди потоа дојде до драстична промена на неговото лице.

Причина за тоа беше неразбирливиот потег на луд навивач на домашниот тим, кој сакајќи да прослави со фудбалерите втрча меѓу „црвените“ кои славеа и патем успеа да го повреди Робертсон. Обезбедувањето брзо реагираше и го скроти хулиганот, кој едвај куртули од ќотек од Клоп, кој цело време врескаше кон него, покажувајќи му каква глупост направил на штета на тимот за кој навива.

За среќа, по кратко време, левиот бек на Ливерпул се крена од тревата и продолжи да игра, иако долго време имаше болна гримаса од блиската средба со лудиот навивач.