Ќерката на Пеле објави потресна слика и ги расплака фановите (ФОТО)

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле се бори за својот живот во болница, откако неговата здравствена состојба се искомплицира, а неговата ќерка Кели Насименто објави потресна фотографија на социјалните мрежи.

Пеле лежи во болнички кревет, додека неговата ќерка не го остава сам по прогнозите на докторите кои воопшто не се добри.

„Секогаш заедно, во борба и надеж. Уште една ноќ помина“, напиша Кели.