Ќе извисат ли „кралевите“? ПСЖ ќе го направи Мбапе убедливо најплатен на сите времиња!

Колку и да се чинеше дека е само прашање на време кога Килијан Мбапе и официјално ќе биде промовиран во фудбалер на Реал Мадрид и тоа од идната сезона без за него да биде платена отштета, последните информации од Париз велат дека „кралевите“ би можеле да извисат.

Челниците на „светците“ засилено работат на убедување на францускиот репрезентативец да го обнови договорот што му завршува на крајот од сезоната, а ако го стори тоа би го направиле убедливо најплатен фудбалер на сите времиња. Неофицијално, се споменува сума од околу 800.000 евра неделно и тоа за гарантирана двегодишна соработка, по која би можел да си го оствари сонот за преселба во Мадрид.

Ако ја прифати оваа понуда, Мбапе би имал речиси двојно поголема плата од во моментов најплатениот во светот, Лионел Меси, кој, неофицијално, инкасира околу 500.000 евра секоја недела настапувајќи за ПСЖ.