Кире Маркоски повторно ќе игра во Чешка – сега во Карвина!

Членот на „златната младинска генерација“ на Македонија која играше на Евро 2017 во Полска, Кире Маркоски е нов член на чешка Карвина, откако денеска овој клуб го промовираше своето ново засилување.

Маркоски, кој е поранешен фудбалер на Работнички и има и настапи за сениорската репрезентација, во Карвина доаѓа како слободен играч од кипарски АЕЛ Лимасол, со кој го раскина договорот уште од поодамна.

„Карвина е многу добро организиран клуб, со фантастична инфраструктура и прекрасен стадион. Ми се допаѓа, чешкото првенство е исклучително силно, со силен потенцијал да биде уште подобро. Мислам дека ова е најдобрата можна одлука за мене“, рече Маркоски на промоцијата.

Тој мина еден период во Тречнин, каде остави добар впечаток, го освои и Купот во кој беше херој со два гола против Жилина.