Кејн останува во Тотнем – никој не фрла 100 милиони за играч кој догодина е бесплатен

Капитенот на Англија и на Тотнем, Хери Кејн, вториот најдобар стрелец во историјата на Премиерлигата многу извесно е дека ќе остане на „Вајт Харт Лејн“, зашто лондонскиот тим не отстапува од својот план ако веќе го продава, тоа да не биде помалку од 100 милиони фунти.

Според информациите на Дејвид Орнстајн од „Атлетик“, нема клуб кој ќе даде 100 милиони фунти, па и повеќе, колку што бара Дејвид Леви за Кејн, а англиската ѕвезда идното лето ќе биде слободен играч и може да си замине бесплатно.

„За да го добиете Кејн треба најмалку 100 милиони фунти, па и повеќе, за Даниел Леви да размисли за продажба, па како стојат работите во моментов многу поизвесно е дека ќе остане во Тотнем одошто да си замине. За 30 годишен фудбалер, на една година пред истек на договорот, тешко некој да плати 100 милиони. Тоа би било лудо“, објави Орнстајн.

За Кејн интерес имаше од Баерн Минхен, но Баварците се откажаа од таа опција, како и од Манчестер јунајтед, но високата цена веќе ги предомислува. Кејн на Реал Мадрид им е понуден во размена за Еден Азар со доплата, но прашање е дали „кралевите“ се заинтересирани зашто бараат помлад напаѓач како долгорочно решение кој би го заменил во иднина Карим Бензема.