Кејн го урна ВБА и го однесе Тотнем на врвот од Премиерлигата (ВИДЕО)
ВБА одигра одлично прво полувреме, но не ги искористи нивните шанси. Тотнем се разбуди во второто полувреме и имаше 17 удари кон противничкиот гол, а мрежата ја затресе Хари Кејн во 88. минута.
Тотнем има 17 бодови по осум одиграни меча и се наоѓа на првата позиција, а по нив следат Саутемптон со 16, колку што има и Ливерпул, а четвртопласиран е Челси со 15 бодови.