Касилјас го има најурнебесниот коментар за враќањето на Зидан во Реал (ВИДЕО)

Зинедин Зидан вчера и официјално беше промовиран како старо-нов тренер на Реал Мадрид. Неговото враќање во кралскиот клуб, предизвика огромно внимание кај спортската јавноста, а коментарот на легендарниот Икер Касиљас дефинитнвно е еден од оние кои највеќе го привлекуваат вниманието. 

Речиси и немаше некој кој не го даде својот став за враќањето на Зидан во Реал, имаше и негативни критики, но мноштвото беа од позитивен аспект, фановите на реал со голем ентузијазам и оптимизам ја примија веста за враќањето на Французинот, во таа група спаѓа и Касиљас кој со уникатен коментар го поздрави враќањето на Зидан.

– Целиот мој живот мислев дека ВРАЌАЊЕ ВО ИДНИНАТА 2 е најдобриот втор дел од една приказна во светот, но не, сум мислел погрешно!! Најдобриот втор дел е враќањето на Зидан во Реал Мадрид!! Со среќа!!, – гласи пораката на Икер.