Касилјас ги раскажа драматичните моменти со инфарктот: Се давам, викајте лекар!

Голманската легенда на Шпанија и Реал Мадрид, Икер Касилјас прпат ги раскажа драматичните моменти од срцевиот удар што го доживеа среде тренинг за Порто, по што заврши во болница, а откако му беше ставен стент сега повторно нормално живее, но ја заврши фудбалската акриера.

Касилјас во мај 2019 година доживеа инфаркт на теренот, а иако имаше желба да продолжи да брани, на 4 август годинава официјално објави пензија и се врати во својот матичен клуб Реал, како советник на претседателот Флорентино Перез.

Сега Касилјас, првпат проговоре за драматичните моменти, кога го доживеал ударот.

„Се чувствува пола секунда, можеби ни толку... Кога ќе земете воздух, тој има поинаков вкус. Приметив дека дишењето некако ми е отежнато, дека ми недостига воздух, а прво што помислив беше дека можно е да е алергија. Кога стигнав до тренерот на голманите, почувствував стегање на градите и полека како да ми снемува воздух“, ги раскажува моментите Касилјас.

Од тренерот побарал шеќер и девнаш легнал на теренот.

„Му реков на тренерот: 'Роберте, дај ми шеќер или нешто слично, лошо се чувствувам и не знам што не е во ред со мене. Легнав на земја и можев да видам дека нешто сериозно ми се случува. Мислев дека сум во базен и одеднаш сакате да излезете, а не можете. Ми беше многу мачно. По помалку воздух имав. И тогаш му реков на Роберт: 'се давам, те молам викај лекар!“, открива Касилјас.