Касилјас ги израдува навивачите: Имам одлични вести!

Икер Касилјас ги демантираше шпекулациите на „О’Жого“, кој денеска пишуваше дека легендарниот голман ќе замине во пензија.

Шпанецот неодамна имаше инфаркт, поради што докторите го советуваа да престане да се занимава со професионален фудбал.

Португалците пишуваа дека Касилјас ќе стане амбасадор на Порто по пензионирањето, но 37-годишниот Шпанец нема намера да се повлече.

„Добро утро на сите. Не одам во пензија. Ќе ви соопштам кога ќе дојде тој ден, но уште не е време за такво нешто. Вчера имав прегледи и резултатите беа добри. Тоа се одлични вести и сакам да ги споделам со вас.“