Касано го нападна Роналдо: Време ти е за пензија!

Кристијано Роналдо оваа сезона не личи на фудбалерот кој во претходните сезони доминираше на фудбалските терени, па поради тоа често добива критики од навивачите, а сега по него удри и Антонио Касано.

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид кажа дека Роналдо треба да разбере дека е време за крај и треба да замине во пензија.

„Роналдо треба да си направи услуга и да разбере дека е време за крај. Кога не можеш да играш на врвно ниво, тоа е крај. Освои сè, неверојатен си, но време е да престанеш“, кажа Касано.

Португалецот минатото лето се обиде да замине од Јунајтед, а имал преговори и со тим од Саудиска Арабија, но на крајот остана во Манчестер.