Калјари и Салернитана остануваат „фенерџии“ во Серија А (ВИДЕО)

Калјари и Салернитана ремизираа 1-1 во дербито на дното во Серија А. 

Тимот од Сардинија поведе со 1-0 по 73 минути игра преку Леонардо Паволети. Гостите се изборија за бод во самиот финиш, поточно во 90.минута преку Федерико Бонацоли. 

По 14 одиграни натпревари Калјари и Салернитана остануваат на дното на табелата со по осум освоени бодови.