Како Реал Мадрид би го купил Погба – Перез поставил четири услови!

Пол Погба сака да си замине од Манчестер јунајтед и дури се заканил и со штрајк ако „црвените ѓаволи“ не го продадат, зашто има желба да го засили Реал Мадрид, но сега се отвора нов проблем околу таков трансфер, зашто има големи разлики помеѓу барањата од „Олд Трафорд“ и тоа што „кралевите“ го нудат на хартија.

Според последните информации, Флорентино Перез сака да го купи Погба, фудбалер кој го бара и Зинедин Зидан, ама за да се случи таков бомбастичен и џиновски трансфер, првиот човек на мадридскиот великан поставил четири услови. И тие мора да бидат исполнети ако Погба сака да дојде на „Сантјаго Бернабеу“.

Јунајтед за Погба бара 170 милиони евра, но Реал нема намера толку да плати. Плус, Погба има и менаџер (Мино Рајола) кого Перез многу не го сака, па сето тоа прави сериозен проблем околу евентуалниот трансфер.

Како што објавија медиумите, во четирите услови што Перез ги поставил, еден е веќе исполнет – Погна да се откаже од големата плата што ја има во Манчестер и да прифати за помалку пари да игра во Мадрид. Најтежок услов е дека Манчестер јунајтед може да добие 125 милиони евра и за таа сума Реал е расположен да го купи, ако фудбалерот и менаџерот успеат да ги убедат челниците и Оле Гунар Солшер на „Олд Трафорд.

Вториот услов е Рајола, кој е познат по невидените менаџерски провизии да се откаже од сѐ и практино за нула евра да го донесе Французинот во шпанската престолнина. Четвртиот услов е Погба да побара да биде ставен на трансфер-листа, за да се започне процесот за трансфер.

Сега останува да се види реакцијата на Манчестер, иако нема сомнение дека Солшер би се согласил на такво нешто, поради тоа што не сака незадоволни играчи во тимот, кои потоа може да направат поголем проблем во текот на сезоната.