Како изгледа минута молчење на фудбалски меч за време на коронавирусот? (ФОТО)

Минута мочлење се одржа пред натпреварот во германската Втора лига помеѓу Дармштат и Сент Паули, во чест на сите жртви на коронавирусот.

Натпреварот од 27-то коло се одигра без присуство на публика, а пред првиот судиски свиреж, сите присутни им оддадоа почит на починатите од вирусот Ковид-19.

Играчите застанаа на центарот и ја одржаа задолжителната оддалеченост како што налагаат мерките на заштита, додека интересно судиите стоеја надвор од кругот.

Инаку, домашниот тим забележа убедлива победа на овој дуел, славејќи со 4-0, со кои ги задржаа шансите за пласман во Бундеслигата.