Јувентус со петта победа по ред: Последна „жртва“ е Болоња (ВИДЕО)

Јувентус со 2-1 славеше против Болоња во рамки на 8.коло во Серија А. 

Кристијано Роналдо по еден соло продор го отвори натпреварот во 19-тата минута. Гостите израмнија преку Данило во 26-тата минута. Петтата победа по ред во првенството, на првакот му ја донесе Миралем Пјаниќ во 54-тата минута. Во финишот, Болоња можеше да се избори за реми, бидејќи ја погоди пречката, а имаше и добра шанса, но Џиџи Буфон се истакна на голот. 

Со овој триумф „Старата дама“ го осигура првото место, бидејќи сега води со 22 бода и има четири повеќе од Интер, кој утре гостува кај Сасуоло.