Јувентус со мега понуда тргнува по италијанскиот бисер

Талентираниот фудбалер Николо Заниоло (19) со своите игри во дресот на Рома го привлече вниманието кај големите европски гиганти.

Заниоло веќе две години игра за „римската волчица“, откако Интер премногу лесно го пушти да замине на „Олимпико“. Одличниот играч од средниот ред одлично ги искористи своите „пет минути“ и стана исклучително баран на фудбалскиот пазар.

Јувентус исто така покажува сериозен интерес за Заниоло, а „Старата дама“ е позната по тоа што се обидува да ги има најдобрите италијански фудбалери во своите редови, така што овој 19-годишен играч нема да биде исклучок.

„Бјанконерите“ се подготвени и понудат на Рома околу 30тина милиони евра плус Бернардески во замена за Заниоло.

Инаку, Заниоло во моментов се опоравува од тешка повреда на вкрстените лигаменти. За него сезоната е завршена, а треба да се врати на терените на почетокот на следната натпреварувачка година.