Јувентус осакатен од повреди, против Лече со пет играчи од академијата
Дури деветмина фудбалери се надвор од тимот, па шефот на стручниот штаб беше принуден да повика пет играчи од фудбалската школа за да ја пополни квотата. Душан Влаховиќ не успеа да заздрави по мускулната повреда, а нов на листата на повредени е Никола Савона.
Надвор од тимот, покрај нив двајца, се уште Бремер, Гонзалез, Мили, Даглас Луиз, Аџиќ, Кабал и Мекени.