Јувентус не се шегува: „Старата дама“ има астрономска понуда за Нејмар!

Најскапиот светски фудбалер Нејмар веќе ја истакнал својата желба да си замине од Пари Сен Жермен, па шпанска Барселона беше посочена како речиси сигурна дестинација, но во последниве денови Јувентус дури излегува и прв фаворит за да го ангажира извонредниот фудбалер.

ПСЖ од поодамна е во војна со Барселона, па досега ги одби сите неверојатни понуди што Каталонците ги испратија за да си го вратат Нејмар, кој за 222 милиони евра пред две години се пресели во Париз. Сега, како што објавува угледниот портал „Гол.ком“, во Торино подготвиле таква астрономска понуда, што дури и ПСЖ сериозно би се замислил.

Парижаните за Нејмар бараат 250 милиони евра, 28 повеќе од тоа што ѝ платија на Барселона. Сега Јувентус за Нејмар ги нуди Пауло Дибала, Блаисе Матуиди и плус пари. Барселона имаше слична ваква понуда од 40 милиони евра и Фелипе Кутињо и Осман Дембеле во пакет, ама од Париз рекоа – не.

Инаку во минатата недела, таткото на Нејмар беше во Торино, што го вклучи алармот кај светските медиуми дека веќе се крчка трансферот.