Јувентус му се одмазди на Лацио во Купот на Италија (ВИДЕО)

Поранешниот италијански шампион Јувентус славеше со 2-0 против Лацио и се наоѓа на чекор до финале во Купот на Италија.

„Старата дама“ ги постигна двата гола во второто полувреме, и тоа најпрво преку Кјеза во 50. минута, а потоа преку Влаховиќ ја запечати победата.

Реваншот меѓу Лацио и Јувентус се игра во Рим на 23 април, додека во второто полуфинале ќе се соочат Фиорентина и Аталанта.