Јувентус му изрази подршка на Роналдо: Тој е голем шампион!
Фудбалерот беше изоставен од составот на Португалија за претстојните натпревари во Лигата на нации, а денеска Јувентус излезе со свое соопштение за обвинувањата. Од италијанскиот клуб му изразија подршка на својот фудбалер.
„Кристијано Роналдо изминатите неколку месеци го покажа својот голем професионализам и посветеност, што е вреднувано од сите во Јувентус. Случувањата кои наводно се случиле пред десет години не го менуваат ова мислење, кое го делат сите кои имале контакт со овој голем шампион“, се вели во соопштението на италијанскиот клуб.
Неговите главни спонзори како Најк и ЕА Спортс внимателно ги следат случувањата и изразија загриженост, што нивен клиент е во центарот на ваков скандал. Тие засега не излегуваат во јавност со некакво соопштение, бидејќи ќе почекаат на официјални информации од истрагата на американската полиција.