Јувентус е во катастрофална серија каква не е видена 34 години

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус очигледно и оваа сезона нема да биде во конкуренција за шампионската титула во Серија А бидејќи по само два месеца има огромно заостанување зад лидерот Наполи.

„Бјанконерите“ не знаат за победа веќе осум меча во сите натпреварувања, но најболно од се е што на последните четири натпревари не постигнале ниеден гол. Таква лоша серија, клубот од Торино немал од 1991 година кога на клупата беше Џиџи Мајфреди.

Последната победа во сите натпреварувања, Јувентус ја оствари на 18 септември, а следната шанса да ја прекине ужасната серија ќе има в среда од 18:30 часот кога го пречекува Удинезе.