Јунајтед ќе се раздели со Тен Хаг, тројца кандидати за негов наследник

Без разлика на исходот во финалето од ФА Купот, Манчестер Јунајтед ќе го избрка Ерик Тен Хаг на крајот од оваа сезона, тврди познатиот новинар Џанлука ди Марѕио.

Тој вели дека одлуката е веќе донесена и дека само се чека кампањата официјачно да заврши за да биде објавена во јавноста. Дури познати се тројцата кандидати за негов можен наследник.

Во конкуренција се актуелниот менаџер на Ипсвич, Киран Мекена, потоа Маурисио Покетино и Роберто де Ѕерби. Ако Челси го донесе Мекена, за кого исто така е заинтересиран, Јунајтед ќе го насочи своето внимание кон Покетино.

Јунајтед ја заврши оваа сезона на 14. место во Премиер лигата со огромна негатива во однос на градскиот ривал и шампион Сити.