Јунајтед ќе гради нов стадион, но нема да го руши Олд Трафорд, туку ќе го скрати капацитетот
Првите информации беа дека сегашниот дом на „ѓаволите“, Олд Трафорд ќе биде срушен и на негово место ќе се гради новиот објект, но тоа, сепак, нема да биде случај. Олд Трафорд ќе остане со таа разлика што драстично ќе биде намален неговиот капацитет. Место сегашните 75 илјади, во иднина ќе собира “само“ 30 илјади гледачи, но главната цел е да се сочува историскиот објект и на него да играат младинските категории и женскиот тим.
Плановите за изградба на новиот стадион се во тек и клубот ги чека понудите најдоцна до крајот на оваа година. Се верува дека новиот објект ќе биде готов до 2030 година, а не е исклучено да биде продадено правото на името на стадионот.