
„Јунајтед е во моето срце, но болно е да се гледа како игра“
Еквадорецот истакна дека моменталната игра на „црвените ѓаволи“ е очајна за око, а поради тоа се чуствува „многу тажно“. Јунајтед победи на само четири натпревари на последните 14 настапи во Премиер лигата.
Не гледам цели натпревари на Јунајтед. Болно е. Се обидувам, но нивната игра ме прави многу тажен. Јунајтед е во моето срце – градот, навивачите, десет години од мојот живот се таму. Многу е тешко да ги гледам поразите, истакна Валенсија, кој го напушти „Олд Трафорд“ на крајот од минатата сезона.