Јирген Клоп го сака Сандро Тонали од Милан
Последните шпекулации во англиските медиуми велат дека Италијанецот е на врвот на листата на желби на Ливерпул за следното лето. Менаџерот Јирген Клоп е голем фан на играта на Тонали, кој има цврстина и доволно креативност да биде мотор во средниот ред.
Наводно, Клоп ќе му дозволи на Наби Кеита да си замине бесплатно од клубот следното лето, бидејќи постојано е повреден. Тонали има договор со Милан до јуни 2025 година и неговата цена на трансфер пазарот изнесува околу 50 милиони евра.
Милан веројатно нема така лесно да се откаже од својот голем талент.