„Јамал не треба да се грижи за мислењето поранешен фудбалер кој сега е многу дебел“ (ФОТО)

Ламин Јамал многу трагично ги сфати критиките од Рафаел ван дер Варт па преку социјалните мрежи влезе во војна со Холанѓанецот.

Ван дер Варт кој одамна веќе има вишок килограми, рече дека го нервирало тоа што Ламин Јамал ги носи шорцевите многу ниско, дека не се труди многу и има некои гестикулации кои не му се допаѓаат.

Ваквите критики го погодија Јамал кој за инает почна да постира слики со смкнати шорцеви.

Откако Ван дер Варт виде како Јамал детски реагира на неговите критики, упати совет за Шпанецот.

„Сакам да му дадам еден совет на Ламин Јамал. Не се грижи за мислењето на еден поранешен фудбалер кој сега е премногу дебел. Неговите постови на Инстаграм не ме допираат. Јас во него гледам фантастичен фудбалер и се надевам дека ќе остане со нозете на земја“, рече Ван дер Варт.