Јамал не му останал должен на Винисиус, го боцнал каде што најмногу го боли
Младиот шпански репрезентативец на три дена пред Ел Класико дека „Реал постојано краде и потоа се жали“ што беше причина вчера фудбалерите на Реал да истрчаат на терен како кучиња пуштени од ланец. Јамал беше нивна главна цел и во текот на мечот, а особено по неговото завршување кога прво му се пушти Куртоа, па Карвахал и на крајот Винисиус и сето тоа проследено со уште неколку коментари на Инстаграм од главните играчи, насочени кон фудбалерот на Барселона.
Интересно е тоа што Винисиус се врати од соблекувална за да се пресмета со Јамал откако претходно направи циркус со својот тренер кога излегуваше од игра. Бразилецот му се пушти на противничкиот играч, порачувајќи му дека зборува, на што Јамал не му останал должен и го удрил каде што најмногу го боли.
„Ти ја изгуби Златната топка поради тоа“, му рекол тинејџерот на Винисиус што веројатно дополнително го запалило бразилскиот фудбалер.
Винисиус лани беше веќе „виден“ со Златната топка, како резултат на трите трофеи што ги освои со Реал, но во последен момент до најголемото индивидуално признание во светот на фудбалот стигна Родри од Манчестер Сити. Причина за поразот во гласањето било токму однесувањето на крилниот играч кој безмалку на секој натпревар предизвикува скандали.