Италијанскиот првак ќе добие големо засилување: Де Брујне се договори со Наполи
Според него, искусниот плејмејкер ќе потпише двегодишен договор, плус опција за уште една, а се очекува се да биде готово до крајот на оваа работна недела до кога Де Брујне треба да ги помине лекарските прегледи и да биде претставен. Тој ќе биде огромно засилување за Наполи во обидот да ја одбрани титулата во Серија А и да се претстави во добро светло во Лигата на шампионите.
Де Брујне се сели во Италија по точно една деценија во тимот на Манчестер Сити со кого освои се што може да се освои. Тоа ќе биде негово прво искуство во Серија А откако претходно играше во Германија и во родната Белгија.