Италијански клуб пред 25 години играше со Вардар, денес го продаваат за 1 евро!

Фоџа своевремено беше италијански прволигаш, но клубот моментално се наоѓа во тешка ситуација по испаѓањето во Серија Ц, односно третата лига. 

Клубот моментално е на продажба за само 1 евро, а сопствениците Феделе и Франко Санела бараат купец кој добро ќе се грижи за Фоџа. Тие не сакаат многу пари само поради доброто на клубот.

Редовна плата и одржување на стадионот „Пино Закерија“, кој има капацитет од 25.000 гледачи се главните услови на семејството Санела за новиот инвеститор. 

Интересно е тоа што овој клуб ќе остане запаметен кај македонските љубители на фудбалот, бидејќи беше првиот странски клуб, кој играл против Вардар по осамостојувањето на Македонија.