Италијанците со нова идеја: Серија А ќе се игра до октомври?

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина потврдии дека Серија А би можела да заврши во септември или октомври.

Поради пандемијата на коронавирусот во Италија сите натпреварувања беа прекинати на неодредено време.

„Единствен начин да се соочиме со оваа ситуација е сезоната да заврши оваа година. И тоа на било кој начин. Даваме максимум за да најдеме решение. Се надевам дека натпреварувањето ќе продолжи на 17 мај, но не можам да тврдам дека ќе биде така. Исто така, Серија А би можела да трае до септември или октомври“, кажа Гравина.

До крајот на шампионатот останаа уште 12 кола, а Јувентус е на прво место со бод повеќе во однос на второпласираниот Лацио.