Иста шема како Тен Хаг: Слот прво ќе пазари во Холандија
Слично како Ерик Тен Хаг кога беше назначен за предводник на Манчестер Јунајтед, холандскиот стручњак планира прво да се сврти кон пазарот во Ередивисие имајќи предвид дека неговиот последен ангажман беше во Феенорд. Прва желба на Слот е фудбалерот на ПСВ, Јохан Бакајоко, 21-годишен белгиски крилен напаѓач кој во неодамна завршената сезона во холандското првенство постигна 14 гола и 14 асистенции на 48 настапи во сите натпреварувања.
Со тоа имаше голем придонес во освојувањето на шампионската титула на ПСВ, клуб кој сега за него бара 50 милиони евра. Бакајоко би бил конкуренција на Салах, а можеби и негов наследник ако Египќанецот одлучи летово да си замине од Ливерпул.