Инзаги сака да го земе Несторовски во Беневенто

Италијанските медиуми објавија дека македонскиот репрезентативец Илија Несторовски наскоро би можел да го напушти Удинезе и да потпише за друг клуб.

Беневенто, чиј тренер е легендарниот Филипо Инзаги, планира да го ангажира Несторовски на крајот на сезоната, па тоа значи дека македонскиот напаѓач најверојатно повторно ќе игра во Серија А.

Беневенто вомоментов се наоѓа на првото место во Серија Б и има 20 бодови предност во однос на тимот зад нив, па се на прагот до промоција во Серија А.