Серхио Бускетс му кажа збогум на фудбалот, ги игра последните мечеви во кариерата (ВИДЕО)

Неодамна се појави информација дека Серхио Бускетс ќе стави крај на кариерата, сега тоа и официјално е потврдено.

Легендарниот фудбалер со видео на социјалните мрежи се збогува од фудбалот на кој му даде многу.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sergio Busquets (@5sergiob)

Потврдата дојде и од неговиот клуб Интер Мајами кој преку соопштение ја сподели информацијата.

„Интер Мајами соопштува дека Серхио Бускетс ќе се пензионира по крајот на оваа сезона, мечевите од плејофот на МЛС ќе бидат неговите последни во професионалната кариера“, стои во дел од соопштението на Интер Мајами.

Бускетс е вистинска легенда на Барселона и на шпанскиот фудбал, тој освои се што можеше да се освои во оваа игра.