Интер Мајами е само попатна станица: Меси ќе ја заврши кариерата на друго место

Еден од најдобрите фудбалери во историјата Лионел Меси игра за Интер Мајами, но тоа нема да му биде последен клуб во кариерата затоа што Аргентинецот сака да заигра за Њувилс Олд Бојс.

Каталонскиот медиум „Ел Насионал“, по шпекулациите пред повеќе од една недела, објави дека аргентинскиот тим ќе биде последниот тим во неговата кариера и ќе замине во пензија.

Меси најверојатно ќе остане во Мајами до декември 2025 година, а потоа ќе се врати во Аргентина каде што ќе одигра една сезона со Њувилс Олд Бојс и ќе се повлече од светот на фудбалот.

Оваа екипа и во изминатите месеци се споменуваше како потенцијална дестинација на Меси, но заминувањето во неа беше нереален во тие моменти зашто Аргентинецот сè уште сакаше да игра фудбал на високо ниво.