Интер ја одреди цената за Ериксен, но расположен е и за трампа

Кристијан Ериксен нема иднина во Интер, а тоа е јасно по односот на тренерот Антонио Конте кон него. Данецот кој дојде како големо засилување минатиот јануари, на натпреварите добива само по неколку минути. 

Посленото понижување Ериксен го доживеа на дуелот против Реал Мадрид, кога Конте го внесе во игра во судиското продолжение иако натпреварот веќе беше решен (0-2 за Реал), а Интер имаше и играч помалку.

Интер ќе бара 30 милиони евра обештетување за фудбалерот од средниот ред. Расположен е да го продаде уште во јануари, но италијанскиот клуб исто така е отворен кон идејата за трампа.

Антонио Конте на својата листа на желби ги има Леандро Паредес (ПСЖ), Корентан Толисо (Баерн), Гранит Џака (Интер) и Фред (Манчестер јунајтед). Доколку бидат понудени овие играчи, тогаш Интер веднаш би се согласил на трампа за Ериксен.