Интер го објави списокот со фудбалери за Серија А: Икарди останува во Милано!?

Драмата за иднината на Мауро Икарди не престанува, па секој ден добива нов пресврт. Цело лето се шпекулираше дека ќе го напушти Интер, но очгледно на крајот ќе остане на „Џузепе Меаца“, зашто не можеше да договори трансфер во Јувентус.

Интер денеска ги соопшти бројките на фудбалерите, па може веднаш да се пресуди за иднината на некои од фудбалерите.

Интересно е тоа што бројот седум му припадна на Икарди, а навивачите сметаат дека тоа значи и останување на Аргентинецот во Милано.

Да потсетиме, Интер сакаше да го ангажира Алексис Санчез и да му го даде бројот седум, но по денешните информации очигледно трансферот пропаднал.