Иниеста потпишува за клуб од Јапонија на 21. мај!

Искусниот шпански фудбалер Андрес Иниеста ја напушта Барселона, а кариерата ја продолжува во Јапонија. Во новиот клуб наводно ќе заработува околу 25 милиони евра по сезона.

Иниеста на 21. мај ќе потпише договор на три години со јапонскиот клуб  Висел Кобе, пишува каталонски „Спорт“.

Искусниот фудбалер имал интересни понуди од Кина, но на крајот се одлучил за Јапонија, а во новиот клуб ќе пристигне откако ќе го одигра последниот меч во Ла Лига викендов.

За Барселона има одиграно 437 натпревари и постигнато 35 голови, а досега има освоено девет титули во Ла Лига, четири во Лигата на шампиони, додека со Шпанија беше светски шампион во 2010. година, а во 2008. и 2012. година го освојуваше Европското првенство.