Инаки Вилијамс го прекина шампионскиот сон на Севилја (ВИДЕО)

Бројот на кандидати за шампионската титула во Шпанија се намали за Севилја, откако овој тим, неочекувано, загуби во вечерашната битка на домашен терен со Атлетик Билбао (0-1).

Составот од Андалузија пропушти огромна шанса да се приближи на само три бода до лидерот Атлетико Мадрид, а на еден до Барселона и Реал Мадрид, во пресрет на гостувањето кај „кралевите“ следниот викенд. Сега само триумф во престолнината може да ги врати во конкуренција за пехарот и тоа под услов второто дерби помеѓу Атлетико и Барса заврши нерешено.

Севилја имаше привидна надмоќ во сите 90 минути, но без конкретни шанси за погодок, додека јунак во гостинскиот тим беше резервистот Инаки Вилијамс, кој беше егзекутор на еден одличен контранапад во 90. минута од натпреварот. Единствено за што може да жалат домашните фудбалери беше недосудениот пенал во 51. минута, кога еден од гостинските фудбалери играше со рака, но судијата процени дека тоа е недоволно за да покаже на белата точка.

ТАБЕЛА: Атлетико Мадрид 76, Барселона 74, Реал Мадрид 74, Севилја 70...