Импресивниот Влаховиќ ја напушта Фиорентина за друг италијански гигант

Душан Влаховиќ сезонава има девет голови за Фиорентина во Серија А и веќе сериозно привлекува внимание кај големите клубови. 

Рома е најсериозна во намерите да го доведе младиот Србин во своите редови и тоа како замена за Един Џеко. Босанецот е во лоши односи со тренерот Пауло Фонсека, а неговиот договор истекува по завршувањето на оваа сезона. 

Очигледно е дека нема желба и од двете страни за продолжување на соработката, па „волчицата“ веќе почнува со сериозни контакти со менаџерскиот тим на Влаховиќ. Интерес за поранешниот фудбалер на Партизан има и од таборот на Милан, кој е подготвен да плати 15 милиони евра.

Рома со подобра понуда би можела прва да дојде до потписот на еден од најталентираните млади напаѓачи во Серија А.