Има надеж за Легањес, но Еспањол е на чекор до испаѓање (ВИДЕО)

Во дербито на дното во Ла Лига помеѓу последнопласираниот Еспањол и претпоследниот Легањес, гостите славеа со минимални 0-1 во рамки на 34.коло.

Џонатан Силва го постигна единствениот гол на натпреварот во 53-тата минута. Домашните до крајот на натпреварот останаа и со играч помалку откако Џонатан Калери заработи црвен картон.

Со овој пораз Еспањол е закован на дното со 24 бодови, а Легањес сега е претпоследен со четири бодови повеќе.