Има многу уапсени: Во Чешка на големо се местеле фудбалски натпревари!

Чешката полиција денеска обвини 20 лица за местење фудбалски натпревари, во склоп на истрагата која подолг период го „тресеше“ фудбалскиот сојуз на оваа земја.

Според информациите од тамошните медиуми, 16 лица се товарат со обвинение за давање миту, тројца за примање поткуп, а еден и за двете работи. Во притвор завршија дури 19 од нив, а, неофицијално, станува збор за местење средби од Третата лига.

Веста за скандалот ја потврдија и од полицијата и од федерацијата, а се очекува наскоро да излезат поголеми детали за тоа кој и како местел натпревар, кои најчесто се на понудите за обложување на речиси сите обложувачници во Европа.