Икарди конечно се огласи: Подобро е да молчите и да се правите глупави... (ФОТО)

Мауро Икарди остана без капитенската лента во Интер, а потоа одби да патува со тимот во Виена за мечот со Рапид во нокаут-фазата од Лигата на Европа.

Критики има еден куп на сметка на Аргентинецот, а тој реши да им одговори со цитат на познатиот писател Марк Твен.

„Подобро е да молчите и да се правите глупави, отколку да прозборите и да ги избришете сите сомнежи“, напиша Икарди.

Останува да видиме дали Интер ќе преземе некои нови чекори против Аргентинецот, кој сега е поблиску до заминување од Милано, а интерес има од неколку европски гиганти.